Во пукањето кое се случи во Нов Белград, убиен е 30 годишниот Милош Милановиќ познат како Јапи, откако претходно се впуштил во тепачка со непознат маж, кој пак во него испукал куршум кој бил смртоносен, откако почанал да бега по скалите.
Немилиот настан се случил во средата на улицата Јурија Гагарина број 60. Само неколку минути по здобиените рани Милош починал. Тепачката претходно настанала во подрумот во една зграда, и кога Милановиќ се обидел да побегне, додека бил на скалите, непознат маж му пукал во грбот.
Тој успеал да претрча уште 100 метри, но потоа паднал и им подлегнал на раните.
Еден станар од зградата кој живее на 11 кат пак додава дека неговата сопруга го слушнала пукањето, поради што излегла на прозор и го видела момчето како лежи на бетонот.
„Се испружи и легна, а потоа се обиде да продолжи со одењето. Ми делуваше како да е пијан, па не му обрнав внимание. Само слушнав дека е погоден со куршум, и дека починал од внатрешно крварење“, вели тој.
Милановиќ по потекло е од Ужица, но живеел во Нов Белград. Тој од претходно бил познат на полицијата и имал криминално досие.