ФОТО: Скопската свадба на столетието


Во таа далечна 1981 година скопската Ромка Јасмин Шабан која со своето семејство живеела во Виена, Австрија, ќе дојде во своето Скопје за да се омажи со никој друг туку со Боби Фарел, машкиот вокал и танчар на во тоа време мегапопуларната светска диско атракција, групата Бони М.skopje svadba boni m

Не само Шутка и Топаана што биле неколку дена на нозе, туку цело Скопје се туркало пред хотелот Континентал за да може барем за миг да ѕирне каква е атмосферата на свадбата кај најпопуларниот скопски зет на светот.

Веднаш по свадбата младенците ќе заминат да живеат во Германија, каде по две години ќе ја добијат ќерката Занила, која денес се обидува да направи кариера на успешен хип-хоп артист.2weddingsk

Бони М кои „жареа и палеа“ на светските топ листи во средината на 70-ите и првата половина на 80-ите подоцна ќе се распаднат, а итриот Боби ќе го заштити името и со нови членови ќе настапува уште долги години под истиот бренд – Бони М, се до неговата смрт на 30 декември 2010 година, кога беше пронајден во својата хотелска соба по настапот во Санкт Петерсбург, во Русија.3weddingsk

Но скопската свадба на столетието останува да се памети и прераскажува и до ден денес.

Vistina.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1