Друштвените мрежи во САД ги преплави снимката на која се гледа како татко тепа дилер кој и продавал дрога на неговата ќерка.
На снимката се гледа како таткото го влече и удира дилерот, пропратен од псовките на мајката која, најверојатно, ја снимила случката.
Голем број од корисниците на друштвените мрежи го поддржаа таткото, додека некои истакнаа дека истото го заслужува и ќерката.