ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Тела и делови од урнатиот руски авион пливаат по морето


Руските власти наведуваат дека најверојатно не станува збор за терористички напад, туку причина за падот може да е технички проблем или грешка на пилототnesrekja-ruski-avion-640x440

Потрагата по загинатите патници од рускиот авион што вчера се урна во Црно Море продолжува и денеска. На социјалните мрежи е објавено вознемирувачко видео на кое се гледаат телата на настраданите како пливаат по површината на морето, како и остатоци од авионот и од багажот на патниците.

Руските медиуми објавија дека спасувачките екипи ги лоцирале остатоците од леталото на оддалеченост од околу 1,5 километар од брегот, на длабочина од 50 до 70 метри.

Авионот на руското министерство за одбрана „Ту-154“ со 92 патника исчезна вчера од радарот во 5 часот и 40 минути по московско време, кратко по полетувањето од Сочи. Најголемиот дел од патниците, вкупно 64, биле членови на рускиот воен ансамбл „Александров“ кои тргнале во базата Хмеимин во Сирија каде што требало да учествуваат на новогодишна забава.


Ниту еден патник не преживеа, а досега се извадени само 10 тела кои се пратени во Москва за идентификација. Во потрагата се вклучени 35.00 луѓе. Руските власти наведуваат дека најверојатно не станува збор за терористички напад, туку причина за падот може да се технички проблем или грешка на пилотот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1