Ердоган Черен (21) од Турција на социјалната мрежа Фејсбук во живо го пренесувал своето самоубиство.
На снимката се гледа како момчето држи пушка вперена во градите и во еден момент го повлекол чкрапалото и си го одзел животот.
Причината за самоубиството наводно е тоа што неодамна го оставила девојката.
-Никој не ми веруваше кога кажав дека ќе се убијам. Гледајте го ова сега, вели момчето на снимката која во живот била пренесувана на Фејсбук.
Турските медиуми пишуваат дека членови на семејството го слушнале истрелот и го нашле во собата. Тој умрел на пат кон болница. Момчето претходно на Фејсбук често пишувало за своите емоции и невозвратната љубов.