Терористот А.А. кој учествуваше во масакрот во Париз, пред месец дена побарал барање за азил во Прешево. Во таа прилика настанала оваа видео снимка во која се гледа како тој како што тврдат албанските медиуми игра со волонтерите.
Во описот на снимката стои: „И покрај тешките моменти, сакаме да ве известиме дека сите сме добро. Во разговорот со луѓето кои чекаат во ред и по 15 часа приметиме дека и понатаму се подготвени да се нашалиме и орасположиме. Обезбедивме на сите да џускаат со омилените песни кои ги чуваат во своите телефони, за да полесно ги поднесат тешките времиња.
А.А кој им е понзат на француските служби за безбедност, е забележан на границата во Прешево на 7 октомври годинава, каде и официјално поднел барање за азил на границата.
Како што грчите служби јавуваат тој влегол на територијата на Грција на 3 октомври. На територијата на Србија влегол на 7 октомври, кај Миратовци од Македонија.
Минал низ контрадиверзиониата проверка, па се знае дека низ краткиот премин низ Србија не бил вооружен.