Вработена во градинка во Битола е заразена со коронавирус


Според последната статистика на Министерството за здравство може да се забележи дека е зголемен бројот на тестирања, за разлика од изминатите денови, односно биле направен 460 тестирања. Сепак од министерството појаснуват дека од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие, 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките.

Blood sample with respiratory coronavirus positive

-Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде е регистриран 1 позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни, велат од министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче, на вчерашната прес конференција истакна дека скринингот на вработените во градинките треба да заврши за десетина дена, по што градинките повторно ќе бидат отворени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1