Сите вработени во заедничката зграда на ЕВН и ЕЛЕМ биле евакуирани откако утрово избувнал пожар. Според првичните и се уште неофицијални информации, пожарот избувнал врз некој од средните катови.
Неофицијално, причините за неговото избувнување е заварувањето при градежните активности за реновирање на зградата. Огнот тргнал од некој од катовите на средина од зградата.
Во времето на пожарот во зградата биле само вработените на ЕЛЕМ. Според првичните информации нема повредени.
Екипата на скопската противпожарна бригада реагирала брзо и го изгасила пожарот.