На Зоран Заев му е вратен пасошот, јави пред малку Телма.
Според телевизијата пасошот му е вратен затоа што во вторник се закажани преговори под покровителство на ЕУ во Стразбург. На преговорите ќе се соочат Груевски и Заев, во обид да најдат решение од повеќемесечната криза.
Лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски во Вторник ке одат во Европскиот парламент во Стразбур каде ке се сретнат со европарламентарците на нивно барање.
За да се оствари средбата денеска на лидерот на СДСМ, Зоран Заев му бил вратен пасошот кој му беше одземен заради случајот Пуч.