Време: Сончево и топло


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен западен и југозападен ветер.sunny-sky

Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 23 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло, попладне со зголемена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и сончево, само во четврток се очекува преодно дестабилизирање со локален пороен дожд, грмежи претежно во северните и источните делови од земјата. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1