Времен сообраќаен режим денес


Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради чествувањето на големиот христијански празник Богојавление (Водици), во понеделник ќе има времен сообраќаен режим.

Кај мостот „Слобода“ (во близина на хотелот „Холидеј Ин“), во период од 10.30 до 13.30 часот, ќе биде затворенa за сообраќај ул.„Филип Втори Македонски“ и тоа од крстосница со бул.„Гоце Делчев“ до крстосницата со бул.„11 Октомври“ и ул.„Даме Груев“.goce delcev soobrakjajka

Автобусите кои ги опслужуваат автобуските линии со број 16,17А, 50, 57 и 59 ќе бидат пренасочени по бул.„Кочо Рацин“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ и во двете насоки.

Во овој период корисниците на градскиот превоз ќе ги користат постојните автобуски стојалишта на претходно споменатите улици.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено воведениот режим на сообраќај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1