ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Од недела повторно снег и ниски температури


Од Управата за хидрометеоролошки работи, велат дека новите врнежи од снег ќе бидат со послаб интензитет и ќе ги зафатат северните и западните делови од Македонија.10869836_694266557356400_8785242580439169118_o

-Утре не очекува наоблачување и во текот на ноќта можно е да има провејување на повисоките планински места. Во недела ќе има нови врнежи од снег, проследени со студено време, велат од УХМР.

 

Во недела од север се спушта нов студен бран, кој ќе услови засилен северен ветер, врнежи од снег, а во јужните делови во пониските места прво од дожд, а потоа и таму ќе преминуваат во снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а на планините повремено со умерен интензитет и снежната покривка ќе се зголеми за околу 10см. Повремени врнежи од снег ќе има до вторник.

Студеното време ќе се задржи до четврток.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1