Високите температури и до 37 степени ќе се задржат и во текот на следните неколку денови, но метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи ни најавуваат освежување во попладневните часови за време на викендот и почетокот на следната недела.
„За време на викендот и во почетокот на наредната недела, во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Изолирано можни се поинтензивни процеси. Температурата ќе има тенденција на благо опаѓање“, велат од УХМР.
За утре метеоролозите ни најавуваат исто така сончево време со температури до 37 степени.