Полицијата излезе со детали за вчерашната несреќа кај Калимаци, која ја потресе Македонија.
Имено во 12 часот и 10 минути во Полицијата во Македонска Каменица, Л.Р. телефонски пријавила дека нејзината ќерка, 31-годишната Т.С. и зетот, 10 години постариот Д.С. имале брачни недоразбирања и двајцата со возило „Форд Фиеста“ со штипски регистарски ознаки се упатиле кон Делчево. Мајката слушнала врисок од ќерка си и поради тоа се сомневала дека нешто лошо се случило.
Полицијата во 17 часот и 45 минути во водите на браната Калиманци кај местото викано „Рибница“ забележала тело како плута на површината на водата. За жал подоцна е утврдено дека телото е на несреќната девојка.
На брегот, во близина на пронајденото тело, пронајдени се и траги од возило кои водат до езерото. Во Здравствен дом – Македонска Каменица бил извршен преглед на телото на Т.С. при што се констатирани повреди на главата и десната надлактица и долниот дел на грбот. Над телото на Т.С. е извршена и обдукција при што е констатирано дека смртта настапила како последица од давење во вода.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сопругот и возилото, како и за целосно расчистување на настанот.