Врховниот суд ги укина решенијата на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 и на Кривичниот совет Апелацискиот суд Скопје, со кои му беше одреден притвор на Сеад Кочан, осомничен од Специјалното јавно обвинителство во предметот „Труст“.
– По вака донесената пресуда, Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 Скопје ќе треба да одлучува по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, поднесена против решението на судијата во претходна постапка со кое е одбиен предлогот за определување на мерка притвор, се наведува во денешното соопштение објавено на веб страната на Врховниот суд.
Причините за ваквата одлука, како што посочуваат во соопштението, се повредите на законите од страна на пониските судови, кои се содржани во образложението на пресудата на Врховниот суд на Република Македонија. Линк до пресудата: http://www.vsrm.mk/wps/wcm/