Врховниот суд ја одложи расправата за прислушуваните разговори


Врховниот суд на Република Македонија денеска на неопределено време ја одложи распрвата по рефератот по правното прашање „Дали доказите кои се стекнати на незаконит начин можат да бидат употребени како доказ во судска постапка“.

На денешното продолжение на Општата седница присуствувала и Мирјана Лазарова Трајковска, поранешен судија на Европскиот суд за човекови права, која информирала за праксата на Европскиот суд за човекови права и одговарала на прашања поставени од судиите на Врховниот суд.

За закажувањето на продолжението на Општата седница, јавноста ќе биде дополнително известена, соопшти прес-службата на Врховниот суд.

Минатата недела претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски на средба со новинарите рече дека смета оти нелегално прислушуваните разговори не може да се користат како доказ, туку само како индиција за постоење кривично дело.

– Работа на СЈО е да ги анализира разговорите и да обезбеди конкретни докази за потоа да може да ги обвини прислушуваните лица за кривично дело, рече Вангеловски.

Најави дека на седницата на која ќе се расправа за ова прашање ќе биде повикана и доскорашнатра судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазарова Трајковска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1