„Синиот кит“ ја вознемири Македонија: Сите детали за играта која децата ги води кон самоубиство


Смртоносната онлајн-игра „Син кит”, преку која на децата им се задаваат различни предизвици, меѓу кои и да се самоповредуваат и, во крајна дистанца, да извршат самоубиство, се рашири во земјите од регионот, каде што веќе се регистрираа и првите жртви.

Паника има и кај родителите во Македонија, некои од нив се јавувале и на СОС-линиите во земјава за да искажат загриженост.

Станува збор за игра наменета за младата популација со која децата се предупредуваат дека мора да ги следат задачите зададени преку интернет и како доказ за тоа да испратат фотографија со извршената задача. Вообичено, задачите се состојат во различни форми на самоповредување.

Играта потекнува од Русија и, според тоа што го наведуваат тамошните медиуми, „Синиот кит” се поврзува со смртта на 130 руски тинејџери. Набргу таа се прошири и во Европа, случаи на самоповредување биле регистрирани и во Шпанија и во Велика Британија, а во текот на изминативе десетина дена неколку биле забележани и во Хрватска, досега два случаја, и еден случај во Србија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1