Врие на Крим – Парламентот окупиран – на покривот се вее руско знаме (Видео)


Ноќеска зградата на Кримскиот парламент и Советот на министрите во Симферопол биле заземен од непознати лица, пренесе Интерфакс.Агенцијата се повикува на претседателот на Меджлиса на Кримската-татарски население Рафаел Чубаров кој тоа го  соопштил тоа на страницата на Фејсбук.

krim- rusko zname“Ми рекоа дека зградите на Врховната Рада на Крим и Советот на министри на Крим се заземен од вооружени лица во униформа без да се легитимираат “, напиша Чубаров и додаде дека за сега тие не се досатвиле  барања. Полицијате е исчистена од  целата населба, во кој се наоѓаат окупираните згради, пренесува ИТАР-ТАСС.

Според Ројтерс вооружените напаѓачи се издигнале руско знаме над зградите на регионалниот парламент и на Владата, но се уште не се подигнати барања. Учесниците во неопределено протестна акција веќе се на барикади во внатрешниот двор на Врховниот совет на Крим каде дел и ја поминале ноќта, пренесува РИА Новости.

Барањата на демонстрантите кои говорат на руски и жители на Крим се пратениците да не ја признаваат новата власт, којаја презеде власта во Киев по немирите и судирите.  Друго главно барање е обновувањето на уставот на Крим од 1992 година, во која автономната република имаше свој претседател и независна надворешна политика. Демонстрантите инсистираат да се одржи референдум на кој жителите на Крим да си го избираат патот за понатамошен развој на регионот: во сегашниот статус на автономна република во составот на Украина, како независна држава или во составот на Руската Федерација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1