Попуст од 20 до 40 отсто! Сè на половина цена! Нова колекција со попуст од 50 отсто! Телевизор за 500 денари месечно! Ова се само дел од рекламите и летоците со кои секојдневно се судруваме по рекламните паноа, во поштенските сандачиња, продавниците по големите трговски центри, но и во маалските дуќанчиња. ги навлекоа граѓаните да ги посетат продавниците, но таму останаа со празни раце. Нивната надеж дека ќе купат апарат за домаќинство намален за 80 отсто како што стоеше на реклама остана само желба, бидејќи истиот е намален само десетина отсто.
Во Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека граѓаните реагираат на лажните попусти, но треба да ги пријават во Пазарниот инспекторат.
Во Пазарниот инспекторат велат дека лажното намалување е честа појава, но грешка на купувачите е што не го пријавуваат. Не кажуваат дали и колку трговци се казнети поради доведување во заблуда на потрошувачите.
Според Законот за заштита на потрошувачите, при распродажба трговците се должни означувањата што упатуваат на распродажба, односно на намалување на цените, да бидат реални и вистинити, независно од тоа дали намалувањето е изразено во износ или процент. Исто така мора да бидат назначени и старата и новата цена. Старата цена мора да се употребува минимум 30 дена пред да почне распродажбата. Трговецот мора физички да ги одвои производите што се ставени на распродажба од производите што не се на распродажба и јасно и на видно место да истакне натпис дека се работи за распродажба. Во некои држави дури и треба да се наведе периодот до кој новата цена важи.
Дневник