Врие во Собрание: СДСМ и ДУИ сакаат да ја протуркаат Тиранската платформа вели Милошоски


Оливер Спасовски, Зијадин Села и Џеват Адеми ни предлагаат да го кршиме Деловникот и за да го изберат оној кој според Деловникот молчеше во ова Собрание нас да не замолчат кои сме пријавени за збор. Не може правилата на игра за една точка на дневен ред да се менуваат додека таа точка на дневен ред не заврши, истакна на денешната собраниска седница Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.sobranie344

-СДСМ, Зијадин Села и Џеват Адеми имаа можност многу денови пред нивниот предлог да дадат 20 пратеници за избор на претседател на Собрание. Не го направија тоа затоа што знаат дека не се подготвени да излезат на локалните избори и намерно го пробија рокот. Локалните избори нема да се одржат затоа што СДСМ и ДУИ не се подготвени да излезат на локални избори. Сега им се брза бидејќи се договорија за платформата од Тирана, сакаат да ја протуркаат набрзина, се наближуваат судските рочишта во мај за предметот „Поткуп“, сакаат по секоја цена да дојдат на власт, да извршат притисок врз судството и еден човек да се спаси од криминалот макар и по штета на националните интереси на Република Македонија. Не бараме ништо друго освен во ова Собрание на секој пратеник да му се дозволи по точката за која се расправа да го искаже своето мислење, така како што сме ја почнале оваа седница, така и да ја завршиме. Не може интересот на еден човек и неговата амбиција наместо да биде на суд, да биде на столчето за премиер, да биде залог за целата држава, истакна Милошоски.

Пратеник додаде дека бараат да им биде овозможено она за што се избрани од нивните гласачи, да го искажат своето мислење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1