Врнежи, грмежи и пад на температурите – УХМР со предупредување за промена на времето


Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со поинтензивни врнежи и ретки грмежи.

Времето денес ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во четврток ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со поинтензивни врнежи и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1