Втората лидерска средба заврши без договор – нова лидерска средба на 26 мај


Втората лидерска средба заврши без договор.

Нова лидерска средба ќе биде одржана на 26 мај, а на денешната не е направен никаков исчекор, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со претседателите на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА Никола Груевски, Али Ахмети и Мендух Тачи. Тој потврди дека утре во Стразбур ќе се сретне со Груевски.

gruevski4356

Инаку, на денешниот состанок, според извори на СДСМ, претседателот на ДУИ Али Ахмети предложил формирање работни групи кои би ги разгледувале барањата на опозицијата, велат од СДСМ. Од оваа партија истакнуваат дека не го прифаќаат овој предлог, зад кој наводно стоеле и ВМРО ДПМНЕ и ДПА. Засега нема услови за почеток на дијалог. Ние бараме оставка од целата влада и формирање предона влада, велат во СДСМ.

Амбасадорот на САД, Џес Бејли и претставникот на ЕУ во земјава, Аиво Орав и денеска беа присутни како набљудувачи на средбата.

Премиерот Груевски дојде во придружба од министерот за надворешни работи Никола Попоски, Зоран Заев од Рената Дескоска Треневска, Али Ахмети од Артан Груби, а Мендух Тачи од Луан Треси.

Средбата се одржуваше зад затворена врата и без можност за фотографирање.gruevski zaev ahmeti taci

По завршувањето на денешната лидерската средба изјава даде Зоран Заев, лидерот на СДСМ, додека Никола Груевски кажа дека ставот ќе го соопшти вечерва на митингот на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев рече дека нова средба ќе им на 26 мај, откако денеска не се постигна никаков напредок и поради тоа што се очекува да се види дали утре во Стразбур на двајцата лидери ќе им бидат претставени нови предлози.

Заев кажа дека без формирање на преодна влада во чиј состав нема да навлегуваат, не може да има напредок во преговорите.

– Неопходно е да се формира преодна влада за да се воспостави нормален систем. Таа влада би спровела слободни и независни избори, рече Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1