Вториот истрел кон Џон Кенеди бил испукан од агент на тајната служба – ненамерно


Вториот истрел со кој беше усмртен американскиот претседател Џон Кенеди бил испукан „сосема ненамерно и по грешка“ од еден од агентите за обезбедување, на тајната служба на претседателот, тврди поранешниот австралиски полициски детектив, Колин Мекларен кој поминал четири години истражувајќи го атентатот во Далас, во Тексас, од пред безмалку половина век.

kenedi-atentat-rojters-glavna-1368515109-309975Кенеди беше убиен на 22 ноември 1963 година, додека со отворен автомобил минуваше низ улиците на овој град, во рамките на својата турнеја по јужните сојузни држави на САД. Специјалната „Воренова комисија“ за атентатот, една година подоцна, заклучи дека Кенеди е убиен од Ли Харви Освалд, кој во убиството дејствувал сосема сам.

Дури 75 отсто од Американците ниту денес не веруваат во официјалната верзија за атентатот. Наместо тоа на десетици разни теории на заговор инсистираат дека Освалд не пукал сам во претседателот, туку дека имало уште еден, или дури и трет истрел кои ја предизвикале смртта на Кенеди.

Австралијанецот Мекларен сега прифаќа дека имало два истрела, покрај оној на Освалд и уште еден, но дека тој не бил испукан од некој заговорник, туку од припадникот на тајната служба Џорџ Хајки. За него австралискиот детектив вели дека немал искуство во обезбедувањето на претседателот, дека не бил истрениран за ракување со пушката тип АР-15, која му била доделена, како и дека целата ноќ пред Кенеди да допатува во Далас, ја поминал со своте другари од службата, во пиење.

kenediНа денот на атентатот, во моментот кога се слушнал истрелот од Ли Освалд, агентот Хајки ја грабнал пушката и испукал еден куршум, но притоа направил „трагична грешка“ погодувајќи го Кенеди во задниот дел од главата. Повеќе експерти за оружје, веруваат дека токму вториот истрел бил оној што го усмртил тогашниот претседател на САД, но ова е првпат некој да зборува за „пукање по грешка“.

Австралијанецот Мекларен тврди дека тајниот агент не пукал кон Кенеди намерно, па според тоа, ја отфрла тезата за организиран заговор. Тој за оваа своја верзија се повика на 20 годишната истражувачка работа на Хауард Денихју за атентатот од Далас.

Двајцата во Лос Анџелес ја промовираа својата верзија на убиствито на Кенеди, за што веќе е направен и телевизиски филм што ќе биде прикажан на почетокот од ноември, за 50 годишнината од атентатот. Тие веруваат дека американската Влада ја сокрила „вистината“ за грешката на Хајки и неговото ненамерното пукање кон претседателот, за да се сочува угледот на тајната служба. Мекларен и Донехју велат дека во тоа прикривање помагал и братот на претседателот, Роберт Кенеди кој тогаш беше министер за правда.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1