Вториот осомничен кој ги издрогира скопјани и кој е во бегство на фејс најавува самоубиство (Фото)


Разбојникот од Охрид кој по извршеното разбојништво врз брачната двојка од Скопје, се наоѓа во бегство, се огласи на својот Фејсбук профил во кој им се обраќа на своите пријатели и непријатели.

Во постот напишал дека неговиот живот не вреди ни денар и дека одлучил да го заврши, пишува Охрид1. Фотографијата од фејсбук профилот на бегалецот ја објави Primetime.mk. Според нивните информации тој статусот го поставил пред 6 часа. Полицијата се уште трага по него и локацијата каде се крие е непозната засега.

Двајца охриѓани се осомничени дека ги издрогирале, ограбиле и оставиле сопружниците од Скопје на врвот на Галичица. Тие заминале за Охрид за да купат половно возило, но по кафето кое им го понудил домаќинот не се сеќаваат на ништо. Според МВР во кафето имало ставено супстанца која ги зашеметила скопјаните. Тие беа најдени во бесознание на врвот на планината – без парите кои ги носеле со себе за да го платат возилото.

Screenshot_1111

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1