На денешната владина седница во Србија се одржа минута молчење за настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани.
„Ги замолувам сите присутни со минута молк да оддадеме почит на трагично загинатите во Македонија во градот Кочани. Тоа е трагедија од неверојатни размери за цел Балкан. За прекрасната, пријателска, братска Македонија. Тоа е трагедија од неверојатни размери за земја која е четири пати помала од нашата со толкав број на мртви. Значи и „ВМА“во Белград и клиничкиот центар во Ниш, се што е потребно да ставиме на располагање, сите хеликоптери кои ги имаме, сите, и воени и полициски и тоа што е направено и дополнително да се направи, сите здравствени капацитети на Златибор да ги ставиме на располагање на Македонија, и се друго што е потребно, значи и од министерствата на внатрешни работи, сите дозволи од МНР во иста секунда да бидат завршени за никој да не чека ни една единствена секунда за било што. Значи секој од својата сфера да направи се што е можно на народот, на луѓето и повредените во Македонија да им помогнеме.“