Вучиќ: Апсењето во Митровица е чин на безумност и брутална провокација


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави вечерва дека инцидентот што се случи во Косово е брутална провокација, акт на лудило и најтежок кривичен акт, кој приштинските власти го спровеле во Косово.По седницата на Советот за национална безбедност, Вучиќ рече дека оваа акција од страна на властите во Приштина очигледно беше поддржана од некои земји.

Тој во обраќањето истакна дека Србија ги испочитувала сите процедури, како и дека надлежните институции на Косово биле навреме информирани за посетата на Марко Ѓуриќ и Никола Селаковиќ.

– Мене, како на претседател ми требаа повеќе од 72 часа претходно да известам дека доаѓам на Косово и Метохија, а на Марко како главен преговарач му требаа 24 часа, рече Вучиќ.

Според него, пред полноќ на 25 март, стигнал одговор од Приштина дека, „бидејќи не е навремено поднесено, тие не се во можност да одговорат позитивно на барањето.”

– Ова не е барање, туку најава, нема ништо да се одговори позитивно или негативно, плус лажат дека не било на време, вели српскиот претседател.

-Терористите во униформи на специјални единици упаднаа во Митровица да ја покажат дека можат да го заземат северниот дел на Косово, со директна поддршка на ЕУЛЕКС, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ информираше дека разговарал со Ѓуриќ, директорот на Канцеларијата за Косово, кој денеска беше уапсен од косовската полиција, а потоа ослободен. Поради здравствени проблеми Ѓуриќ ќе биде примен во болница, информираше Вучиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1