Вучиќ на Путин му подготви подарок , што ќе го израдува


Утре рускиот претседател Владимир Путин пристигнува во посета на Србија , а претседатрелот Александар Вучиќ му подготви специјален подарок.

Медиумите во Белград деновиве пишуваат што утре ќе јаде и ќе пие Путин , колкаво обезбедување ќе го чува и која песна ќе му ја пее шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ .

Се појави и информација за подарокот што ќе го добие Путин од Вучиќ . Познато е дека рускиот претседател сака животни , така што Вучиќ му подготвил тримесечно кученце – шарпланинец.

,,Кученцето има совршено педигре седум генерации наназад. Станува збор за нашата најстара автохтона раса кучиња , а се знае дека претседателот Путин сака токму такви раси.” изјавил извор близок до Вучиќ за српските медиуми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1