Вучиќ: Не ми го тепајте семејството ако ме мрaзите мене


“Имаме снимка на која се гледа дека ви ја покажува легитимацијата, но за тоа повеќе нема да зборувам. Секако дека сум објективен, но жал ми е дека многумина се радуваат на нечија несреќа која тој некој со ништо не ја заслужил”, изјавил Вучиќ на прес-конференцијата.

Тој повторил дека неговиот брат и оние кои го придружувале имале легитимација и дека надлежните органи имаат снимки од тој момент, како и дека сите очевидци веќе потврдиле дека го виделе тоа.vucic

Тој изјавил дека омразта кон него “не треба да ја шират на неговото семејство”.

“Но јас за тоа повеќе нема да кажам ниту збор. Претпоставувам дека со воодушевување ќе го поздравите и фактот дека уште некои полицајци изјавиле дека би требало да ги убијат и тоа јавно, а ќе кажете за тоа дека сум крив јас или мојот брат бидејќи некогаш за некој кој барал некој друг да ниде истепан би барале затвор, а овие најверојатно треба да добијат награда според вас”, изјавил Вучиќ.

 

Премиерот додал и дека тепањето започнало додека неговиот брат АНдреј ја држел личната карта во рака.

“Тој бил тргнал кај татко и мајка, во Крунска улица која е на 50 метри одалечена од таму”, додал Вучиќ.

Премиерот додал дека нема да докажува ништо, особено не “кога некој му го убива братот”.

“Жал ми е што не можете да верувате, не се вклопува во клишето. Требаше некој друг да биде претепан па да се бара седница на Советот за безбедност или на ОН. Но за жал ова му се случи на моето семејство па можеби е и подобро така отколку да му се случи на некој друг, нели?”, навел Вучиќ.

Премиерот изјавил и дека луѓето кои биле во обезбедувањето на неговиот брат биле одговорни и не возвратиле “иако биле вооружени”.

Тој изјавил и дека тие биле свесни и одговорни дека иако некој ги претепува, да не возвратат.

“Уште еднаш извинете што тој Андреј се презива Вучиќ”, заклучил Вучиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1