Девојче ставило тампон – за малку ќе умрела


Девојката Џоди Крајг завршила приклучена на апарати и била на работ на смртта само неколку часа после употреба на тампон.

Девојката се уплашила дека ќе добие срцев удар, бидејќи станала толку слаба што почнала да повраќа и едвај да се движи.

„Температурата ми порасна и мајка ми мислеше дека ќе умрам“, раскажува Џоди

Таа отишла во болница и докторите констатирале дека има синдром на токсичен шок. Тоа е ретко, но многу опасно по живот. „Четири дена бев на интензивна нега и после уште десет дена останав во болница. Требаше да пијам десет различни антибиотици секој ден и бев ненормално слаба. Не можам да верувам дека тоа ми се случи од само еден тампон“, ја продолжува својата приказна оваа тинејџерка.1411726898482_wps_46_Pictured_Jodie_in_hospita
Две и пол години после овој инцидент, Џоди изгубила 60% од својата коса и добила запаление на белите дробови, бидејќи и` ослабел имунитетот. „Не можев да одам ниту на училиште, бидејќи премногу се заморував. Најголемиот дел од своето време го поминував дома“, раскажува таа.

Џоди застанала на свои нозе четири години после оваа ноќна мора, која се случила во август 2010-та година, благодарение на љубовта кон ирскиот танц. „Ништо не правев, бидејќи немав сила. Но, мојата најдобра пријателка живее блиску до професорката по танц и ми раскажуваше за тоа. Сега учествувам во првенства и благодарение на ирскиот танц денес сум жива“, додава Џоди.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1