Вучиќ: Нема референдуми – Србија не сака во НАТО


Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека во Србија нема да се одржи референдум за НАТО, бидејќи земјата ниту изразила желба да пристапи кон таа воена алијанса.

– Србија не сака во НАТО, туку сака да биде воено неутрална, рече Вучиќ за РТС.vucic

За спогодбата, која неодамна беше ратификувана во Парламентот рече дека не е спорна, како и дека станува збор за техничка спогодба која во 2006 година ја потпишале „големите патриоти, кои сакале да ја фрлат Србија во минатото и кои денеска солат памет“.

– Ништо лошо не сторивме, го правевме најдоброто за нашата земја, нагласи Вучиќ и додаде дека почнала една хистерична кампања, чија цел е поделба на Србија, а на која тој планира да и се спротивстави.

– Нашата политика е да ја сакаме Србија, ги почитуваме САД и Русија, одиме во ЕУ, но ја сакаме Србија пред се, нагласи Вучиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1