Вучиќ: Никого нема да апсиме, чекаме на разврска од Хаг


Српската влада нема да го апси Воислав Шешељ набрзина, бидејќи се уште чека официјално барање од Меѓународниот трибунал за воени злосторства од Хаг.

vucic„Владата на Србија никого нема да апси. Тоа нема да се случи. Ќе чекаме прво да видиме што заклучил Апелациониот совет и да видиме што бараат од нас“, изјави премиерот Александар Вучиќ.

На новинарското прашање како државата ќе се однесува кон Воислав Шешељ, Вучиќ изјави дека работата и должноста на државата е да одговара за секој свој граѓанин, вклучувајќи го и Шешељ.

Како што вели Вучиќ, од српската влада најпрво било побарано да го шпионираат, да го следат Шешељ каде јаде и каде спие.

Шешељ беше пуштен на привремена слобода во ноември поради неговата здравствена состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1