Вучиќ: „Сиктер со таа хартија, бандо од Приштина“


Српскиот претседател Александар Вучиќ порача дека Србија никогаш нема да го прифати ултиматумот кој Приштина го постави со усвојувањето на платформата за продолжување на преговорите.

„Сега сиктер со таа хартија, бандо од Притшина, каде и да сакате и видете дали некој тоа ќе ви го исполни, Србија нема“, кажа тој.

Српскиот претседател кажа дека пред шест месеци го предупредил Брисел дека нацрт платформата на Приштина е вовед во катастрофа на целиот Балкан, а дека Европската Унија го уверувала дека платформата нема да дојде на дневен ред, дека нема да ја изгласаат, а дека денес велат дека „немаат коментар“ за документот.

„Ме прашуваат дали ме измамиле. Да, ме измамија, но пред сѐ себеси се измамија“, кажа Вучиќ во Сремска Митровица и додаде: „Но, не е Србија така мала и слаба како што мислат. Одговорот на барањата на Приштина е јасно „не““.

Вучиќ истакна дека во платформата пишува дека Србија мора да го признае Косово, и тоа веднаш.

„И тоа не е доволно, бидејќи пишува дека ако тоа го направиме денес, во границите на денешно Косово, со тоа би се квалификувале еден ден тие да нѐ признаат и да ни простат некои наши гревови. Тоа е предусловот за тие да можат да ја признаат Србија, како да не сме држава, па ни дошло да нѐ признаат. Да не е тажно би било смешно“, кажа српскиот претседател.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1