Вучиќ: Тешко до решение за Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека се појасно е да ќе биде тешко да се дојде до било какво решение за Косово.

– Ние ќе продолжиме да нудиме мир и компромисно решение и да бараме она што е можно, реално, правично и рационално за српскиот народ и за српската држава -изјави Вучиќ на отварањето на Жежељовиот мост во Нови Сад, каде гостин беше и еврокомесарот Јоханес Хан.

Според неговите зборови, „тие во Србија кои бараат ‘ништо’ и се надеваат дека Србија добива ‘едно големо ништо’, треба да продолжат да се радуваат, бидејќи се е насочено кон успехот да Србија по прашањето на Косово не добие ништо“. Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи покренаа иницијатива за размена на територии меѓу Србија и Косово, како и взаемно признавање, а Европската унија упати поддршка на овој предлог. Но, Германија се изјасни против прекројувањето на балканските граници.

– Кога ќе чуете за што се залагаат хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, претседавачот на Советот на министри Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и некои други, тогаш на сите Срби и граѓани на Србија им е јасно кој се бори за зачувување и остварување на нашите национални и државни интереси – додаде Вучиќ.

Тој рече дека очекувал неговите политички опоненти во Србија да организираат славење поради изјавите на одделни официјални лица од Европа и на Албанците дека границите не се менуваат, но заборавија да кажат дека тоа се однесува на тоа дека не се менуваат границите на независно Косово.

– Намерно работеа на целовитост на независно Косово, само што се правеа дека демек ги штитат нашите државни и национални интереси. Тоа ни претставува голем проблем- додаде Вучиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1