C Waikiki, најбрзо растечкиот турски бренд и лидер во текстилната индустрија, отвора своја прва продавница во Македонија. Продавницата ќе биде отворена на 08.10.2013 година (вторник) во Скопје. Продавницата, со 1.100 метри квадратни, е лоцирана во Скопје Сити Мол.
Согласно целокупната стратегија за развој, LC Waikiki планира да отвори серија продавници во Македонија и во соседните земји, давајќи предност на земјите околу Турција.
LC Waikiki е турска приватна компанија основана во 1985 година во Франција. Компанијата, моментално, има 380 продавници низ Турција и повеќе од 60 продавници во светот. Со континуираните инвестиции во проширувањето на меѓународната мрежа за трговија на мало, LC Waikiki настојува да отвори 400 продавници во 40 земји во светот до 2017 година и да работи профитабилно во наредните неколку години. Компанијата цели да биде меѓу првите три модни брендови во трговијата на мало во Европа до 2023 година. Профитот на LC Waikiki во 2012 година изнесува 2 билиони американски долари.
Za Se