Борец сум, сакам да станам, да се исправам – Ацо Конга проговори за битката со тешката болест


 Ја почнав терапијата и се надевам дека ќе ми помогне. Ќе се борам со сите сили да заздравам. Сега тоа ми е најважно, да застанам на нозе, зашто во моментов сум врзан за постела. Да се исправам, да седнам на Фејсбук и на сите знајни и незнајни луѓе да им напишам една голема благодарница што се со мене во овие тешки моменти, вели Ацо во интервјуто за „Вест” и додава дека не е дека не е обесхрабрен поради тоа што му ја ампутирале раката.

kongaaПејачот откако дознал за скапата терапија почнал да продава работи од дома, а меѓу предметите за продавање се нашле и неговите конги, со кои заработуваше низ годините

– За мене, значеа живот. Но, кога ќе дојде ситуација и да се откажеш од најдрагото, многу е тешко. Кога дојдоа на ред за продавање, јас го доживеав најголемиот очај и покрај тоа што сум свесен дека повеќе нема да можам да свирам.

Музичарите многу добро ќе ме разберат како сум се чувствувал. Но, сопругата и децата не дозволија да ги продадам, вели Конга, додавајќи дека е борец и оти до крај ќе се бори за себе и семејството.

„Вест”

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1