За 10.000 – 15 000 евра може да се купи еднособен стан или гарсониера во големите ски одморалишта во Бугарија, покажува истражувањето на весникот “Монитор”.
Според весникот оваа зима донесе извесно заживување во овој сегмент, а главна причина за тоа е поевтинувањето на недвижностите, велат агентите за недвижности.
Во моментов во бугарските зимски одморалиште е многу поевтино и мало студио може да се купи за 10.000 евра. На планинските одморалиште може да се најдат и станови по 500 евра за квадрат во комплекси, изградени пред 7-8 години.
Банско останува со најниска понудата на цени за недвижнини за одмор и рекреација. Во ова планинско гратче, најскапо се продава декориран дом во затворен комплекс. Цена на двособен стан се движи од 15.000 до 65.000 евра, а максималната понуда е за стан со голф клуб.
Во Пампорово цените за гарсониерите се нудат на продажба од 13.700 до 53.100 евра. Највисоката понуда е за имот во комплекс од 94 апартмани.
Од 40.000 до 55,200 евра сакаат продавачите на еднособен стан во Боровец, а кај двособните, понудите се движат од 27.300 до 73.750 евра.
Фактор.мк