За 3 месеци 11 ново заболени од СИДА во Македонија – 8 се хомосексуалци, сите млади


ХИВ-вирусот и сидата алармантно се шират помеѓу мажи што имаат секс со мажи – од 11 нови случаи што се откриени од јануари до вчера во земјата, сите се мажи, дури осуммина се заразиле на овој начин, а се на возраст од 20 до 29 години. Најмладиот е тинејџер од Скопје!

hiv sidaСамо тројца мажи го добиле смртоносниот вирус преку незаштитен сексуален однос со жена, пишува Дневник

Д-р Жарко Kараџовски, началник на одделението за сексуално преносливи болести, ХИВ и сида во Институтот за јавно здравје, потврдува дека последните 10 години бројката на мажи што се заразиле преку секс со мажи е петпати зголемена – од 10 на 51 лице. Во периодот од 1987 до 2004 биле регистрирани само 10 мажи со ХИВ/СИДА, кои вирусот го добиле преку сексуален контакт со мажи, а од 2005 до 2014 година има 51 нов случај на мажи што се заразиле преку секс со мажи.

Фактот дека ХИВ-вирусот веќе со години го имаме тука во земјата и дека е поголема можноста да се „залепи“ вирусот и дека воопшто не треба да се оди во странство за да се увезе, треба да н` мобилизира и да ја зголеми свеста кај граѓаните зашто гледаме дека бројот на заразените се зголемува од месец на месец – вели д-р Kараџоски.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1