За 3 месеци 25 родители казнети родители за невакцинирање на децата


За првите три месеци годинава 25 родители добиле прекршочни пријави поради невакцинирање на децата. Државниот санитарен и здравствен инспекторат документацијата ја доставувил до надлежните судови. Казните за ваков  прекршок се движат од 300 до 650евра. Нема податок колку од нив досега платиле.vakcina04-500x306

Надлежните од овој месец најавија поригорозна примена на законските мерки.

Овој период во центрите за имунизација бележат зголемен број на родители кои го одложуваат вакцинирањето на своите деца. Образложението им било дека што покасно ги боцнат ќе има помалку несакани реакции.

Според последните податоци, опфатот на имунизација во некои општини е паднат под 90 проценти, што е сигнал дека мора да се преземат мерки за задржување на колетивниот имунитет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1