ЗА 6 МЕСЕЦИ БАНKИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА НИ СОБРАЛЕ 200 МИЛИОНИ ЕВРА НА KАМАТИ


Македонските банки за шест месеци наплатиле 200 милиони евра камати и провизии од граѓаните и од компаниите, покажуваат последните податоци на Народната банка на Македонија за резултатите од работењето на деловните за периодот јануари-јуни годинава.

bankaKај банките се слеале околу 162 милиона евра од камати и 39 милиони евра од провизии. Само домаќинствата за шест месеци оставиле 60,2 милиони евра за камати или месечно уплаќале по 10 милиони евра за оваа намена, пишува Дневник.

Граѓаните и компаниите вкупно должат околу 3,6 милијарди евра на име кредити. Од нив околу 1,5 милијарда евра е долгот на домаќинствата. Пресметките покажуваат дека секој вработен во земјава должи по минимум 3.300 евра на име кредит. Или едно домаќинство со двајца вработени во просек оставиле во банките по 267 евра само за камати во овие шест месеци.

Граѓаните коментираат дека чувствуваат како с` повеќе заглавуваат со кредитите што им се нудат како алва со примамливи реклами.

Банките во плус од 5,7 милиони евра

Деловните банки го завршија првото полугодие со вкупна добивка од 5,7 милиони евра. Големите банки прикажаа вкупна добивка од 7,6 милиони евра, но вкупната сума е помала поради загубата што ја прикажаа малите банки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1