За „Бушавата азбука“ се бегаше и од часови – поминаа 30 години, ја надмина ли некој?


Генерациите родени од 1980 до 1990 година со носталгија се сеќаваат на овој досега ненадминат телевизиски серијал, кој главно беше насочен кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција. Вкупно имаше 31 епизода, колку и букви во македонската азбука, со просечно траење од 29 минути, потсетува Нова Македонија

20111122-busava-azbukaАнтологиската „Бушава азбука“, популарната образовна телевизиска емисија што ги учеше децата да пишуваат и да читаат, годинава полни триесет години од првото емитување. И додека денес квалитетна детска програма речиси нема, многумина од нас со задоволство ќе се сетат на незаборавната реплика: „Ооо, време е за Бушавата азбука!“, со која почнуваше секоја емисија.

– Повеќето деца од мојата генерација ги научија буквите токму со оваа емисија. Ја обожавав, мислам дека не трепкав додека се емитуваше. Нема да ги заборавам дијалектите што ги спомнуваа во емисијата, народните носии, обичаите… Паметам, прво се кажуваше фраза на македонски литературен јазик, а потоа на костурски, лерински, кичевски дијалект. – се потсети Марија.

Кој ја направи оваа емисија и што денес велат за неа прочитајте на – НОВА МАКЕДОНИЈА 

Бушави букви 

А – Авијатичар
Б – Бокс
В – Вода
Г – Глув
Д – Дупка
Ѓ – Ѓон
Е – Ехо
Ж – Жаба
З – Забуна
Ѕ – Ѕид
И – Игла
Ј – Јама
К – Кавга
Л – Левучар
Љ – Љубов
М – Малер
Њ – Њујорк
О – Огледало
П – Поклопец
Р – Рендген
С – Судбина
Т – Тврдо
Ќ – Ќебапче
У – Убава
Ф – Фитиљ
Х – Хеликоптер
Ц – Цел
Ч – Чудо
Џ – Џокеј
Ш – Шега

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1