Јавното сообраќајно претријатие „Скопје“ ќе им излезе во пресрет на скопјани кои бараат да се засили бројот на возила во деновите кога возењето за стари лица е бесплатно. Бесплатниот превоз важи во вторник, петок и во сабота, но на граѓаните проблем им е метежот што се создава во работните денови. Директорот на претпријатието, Мишо Николов, најави дека од јуни ќе го зголеми бројот на автобуси на пофреквентните градски линии.
– На линиите со броевите „2“, „5“ и „57“ ќе се вметне уште по едно возило за почеток, а потоа и повеќе.
– Не дека нема поплаки од граѓаните за турканиците што се создаваат во автобусите во бесплатните денови за старите лица. Сепак, бројот на писмените поплаки до нас за овој проблем е многу мал – тврди Николов.
– Kога врнеше, ги немаше, но кога е сончево, тие ги полнат автобусите. Не е можно да им се укаже во кој период од денот да се возат. Тие имаат право кога сакаат да се возат – дециден е Николов.