За да градат зграда затрупале вековен извор со минерална вода во Тетово


Во непосредна близина се гради објект, а градењето живеалишта и угостителски објекти е честа слика како на Бањиче така и по должината на реката Пена, која поминува паралелно со патот од месноста кон Тетово. Покрај таканаречениот главен извор на Бањиче, затрупан е уште еден, кој се наоѓаше на патот кон месноста. Така локалитетот Бањиче познат по своите шест извори со минерална вода и бујна вегетација, наместо излетничко-туристичка дестинација, како што декларативно го најавуваа повеќе општински власти, сѐ повеќе личи на градилиште.

151681_bgizvor-sveta-petka001-foto-emil-conkic252_hs– Се уништува главниот белег на Бањиче. Сите доаѓаа тука да се напијат од водата, сметајќи ја дека е лековита. Јас им зборував на тие што работеа да внимаваат, но не ме послушаа – вели Исмет Небиу.
На Бањиче се чекало и во редови за да се испие од лековитата вода. Голем дел граѓани полнат вода во шишиња, која ја пијат и дома.

– Водата помага за лекувањето многу болести, а јас со секојдневно пиење за неколку месеци излекував кожна болест. Знам тетовци што ја пијат водата поради болести на желудникот – вели 54-годишниот Сафет Бекири од Тетово.

На одредени места по должината на реката Пена се создадени свлечишта поради градежните работи. Бидејќи Законот за води забранува градење на 50 метри до речните корита, во општината Тетово прашавме дали се презема нешто за запирање на ваквите градби.

– Сѐ што е диво изградено и во спротивност со Законот за легализација и Законот за урбанизам, не може да биде легализирано. Со оглед на тоа сите градби што се изградени во спротивност со законите ќе се дејствува во согласност со нормативите – изјави Љуме Хусеини, портпарол на општината Тетово, но без прецизен одговор дали тоа подразбира рушење на дивоградбите за да се врати првобитната состојба.

Месноста Бањиче се наоѓа на 3 километри западно од Тетово, во падините на Шар Планина, во правец на изворот на река Пена. Асфалтираниот пат минува низ густа шума, како и покрај реката Пена. Тетовци најчесто пешачат до месноста, уживајќи во природата.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1