За да имате богата година – овие работи мора да ги имате со вас за новогодишната ноќ


Работите со кои треба да влезете во Новата година за да привлечете богатство и здравје во деновите кои следат се воглавно во црвена боја.

Оваа огнена боја претставува огнен елемент во фенг шуи и силен симбол на богатство и напредок.

devojka-nvg-sn

Еве кои 6 елементи треба да ги имате во празниците кои следат:

Црвен паричник

Новиот паричник симболизира дека сте подготвени да примате ново богатство при влегувањето во Новата година (како материјално, така и духовно), а црвената боја ќе ви помогне да привлечете добри вибрации.

Црвена облека

Привлечете среќа во Новата година така што ќе носите гардероба во оваа боја. Фенг шуи учителите советуваат токму во црвено да ја поминете новогодишната ноќ. Не е важно дали се работи за дискретни обетки или некое парче облека.

Црвени чевли

Чевлите секогаш се поврзани со одење во подобри ситуации, години, време… затоа црвените чевли ќе бидат симбол на тоа дека сте подготвени да газите напред во подобро утре.

Златен накит

Дискретен златен накит ќе привлече изобилство и повеќе пари во Новата година за вас и вашите најблиски.

Нов часовник

Часовникот симболизира движење напред, затоа купувањето нов часовник ќе ви донесе позитивна чи енергија.

Голема торба

Овој детал симболизира очекување на доста добри работи, па затоа ви е потребна голема торба за во неа да ги сместите сите благодети од овој свет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1