За да не им се смеат комшиите, лажеле дека се на одмор – 10 дена седеле заклучени дома


Српски Курир известува дека семејството на Неделко Ачимовиќ се заклучило во станот за соседите да мислат дека заминале на одмор, но нивната лага била откриена.

lockeddoorСемејството Ачимовиќ од Бања Лука, секоја година оделе на одмор, но поради финансиската криза годинава не можеле да си го дозволат и решиле десет дена да поминат заклучени во нивниот стан, за нивните соседи да мислат дека заминале на одмор кој долго го планирале.

Нивната лага ја забележал еден сосед кога го видел Милош, постариот син на Неделко, како доцна во ноќта излегол да го фрли ѓубрето.

Ако помисливте дека ова е реалност – се лажете 🙂 Но сепак има луѓе кои се подготвени и ова да го направат – во секој случај приказната оди вака 🙂 

Соседот Д.Г. раскажува дека го видел Милош како доцна во ноќта се искрадува со голема црвена кеса за ѓубре.

-Се зачудив затоа што рекоа дека одат во Грција на море, а мене ме задолжија да им го чувам станот, затоа што нема да бидат тука 15 дена. Почекав да се врати Милош за да го прашам зошто се вратиле порано. Тогаш открив дека блефираат, туку дека купиле се што им треба, ги затемниле прозорите и се заклучиле во станот- вели Д.Г.

По упорните обиди  на новинарите да го добијат семејството Ачимовиќ, успеале во својата намера. Семејството ја признало својата лага.

-Ни беше срам, затоа што секоја година одевме на одмор, барем во Хрватска или Црна Гора, а понекогаш и во Грција. Меѓутоа, оваа година поради лошата финансиска состојба не можевме да си дозволиме одмор, а соседството е такво што веднаш ќе ни се смеат. Гледате како не издаде соседот во јавноста. Е дај Боже тој да летува на клиничкиот центар Папирковац- луто раскажува Неделко.

И покрај шегите кои сега ги добива на своја сметка, Неделко вели дека убаво се одморил во својот стан и дека одмор не му е ни потребен.

Ова иако е шеговита вест не е далеку од реалноста на многу семејства на Балканот – посебно по големата економска криза последните години. Ако довчера бевме навикнати дека летувањето е неопходен одмор – тоа последните години е навистина луксуз за кои е потребен кредит кој ќе го отплаќате цела година или штедење цела година од плата да за би можеле да си дозволите 10 дневно летување и тоа скромно во некое од блиските летувалишта.

Курир

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1