За да не не трујат многу – конзервите ќе се обложуваат со лушпа од домати


Имајќи предвид дека се произведува насекаде и се консумира во текот на целата година, доматот лесно може да се конзервира, меѓутоа наскоро со него ќе се обложува внатрешноста на лименките, наместо со лакови и со синтетички смоли.

konzervaИстражувачкиот проект кој веќе две години го софинансира Европската унија со 800 илјади евра, во моментиве е при крајот во италијанска лабораторија во близина на Парма. Со извлекување на кутинот, материја слична на восокот, од кожурката на ова овошје (бидејќи доматот е овошје иако главно се јаде како зеленчук), може да се произведе биолак за обложување на внатрешните и надворешните површини на металните конзерви.

„Постапката не е скапа и затоа нема да влијае на цената на производот”, изјави Анџела Монтанари, координаторка на проектот на „Biocopac” во експерименталната лабораторија за индустријата за конзервирање на храната (SSICA) во Парма. Додава дека таквите конзерви на пазарите ќе се појавата за две години.

Секоја секунда на планетава се произведуваат повеќе од 4 тони домати или повеќе од 145 милиони тони годишно, според податоците на FAO, организацијата за храна и земјоделие на Обединетите нации коишто се однесуваат само на доматите којашто минува низ трговската мрежа. Од масата на доматот 2,2 отсто претставува отпад кој го сочинуваат влакна, семки и кожурката.

Со искористувањето на кожурката за обложување на конзервите би де овозможила и подобра валоризација на отпадот, индустријата би заштедела и би се заштитила околината. Но, во прв ред, биолакот би ги заменил полимерите и

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1