Министерството за здравство распиша оглас за набавка на опрема за новиот Медицински симулациски центар во вредност од 37 милиони денари, а ќе се користат за стекнување на практични знаење на студентите, специјализантите и за продолжување на лиценцата на докторите.
Задолжително ќе се врши видеоснимање на сите ендоскопски и лапароскопски интервенции, роботска хирургија и сите други интервенции каде што опремата овозможува видеоснимање.
Според министерот овие симулатори реагираат како вистински пациент, а бидејќи секоја постапка ќе се снима, тоа ќе се овозможи да се коригираат грешките. Грешките нема да бидат фатална, оти се работат на симулатор, а на вистински човек.
Овие видеоснимки ќе се користат и за образовни цели на Медицинскиот факултет, како и за потребите на унапредување на вештините и знаењата на докторите на медицина, специјалистите и супспецијалистите.Во Медицинскиот симулациски центар ќе се направи база на видеоснимки на интервенции, а со тоа ќе се зголеми и квалитетот на здравствената заштита.