ЗА ДА НЕМА ЗАБУНА: ЈСП Скопје за електронските картички и новиот начин на плаќање на билетите


ЈСП Скопје излезе со соопштение за електронските картички и новиот начин на плаќање на билетите.

Поради изнесените шпекулации на одредени медиуми, кои само од нивни познати причини сакаат да направат штета на работењето на ЈСП СКОПЈЕ, а воедно и забуна кај граѓаните на Скопје, Јавното сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ – Скопје ги информира своите корисници следното:jsp avtobus vnatre

1. Неперсонализираната картичка, која што е најактуелна во последниот период, заради приклучувањето на приватните превозници и новиот тип на наплата кај овие субјекти, чини 150 денари и на истата има впишано 5 гратис возења. Овие гратис возења, можат да се искористат во било кое време, по потребите на корисникот, без временски ограничувања. Овие картички можат да се набават на сите продажни места на ЈСП СКОПЈЕ, кај мастер-дилерот, на автоматите за електронски картички и кај возачите на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници.

2. Продолжувањето на важноста на бесплатните студентски билети и бесплатните билети на лицата од возрасната група на граѓани (над 64/62 години) не беше ограничена со 31.12.2016 година. Овие корисници можат да си ја продолжат важноста на картичките во било кој период на годината.

3. Граѓаните можат да ги надополнат своите електронски картички или да набават нови во сите билетарници на ЈСП СКОПЈЕ, на 54 места на мастер-дилерот и на трите автомати за електронски картички.

4. Цените на билетите нема да бидат променети, односно остануваат исти од последната промена во ноември 2015 година, кога на најголемиот дел на билети цените беа намалени.

5. Билет за едно возење повеќе нема да се продава. Шпекулациите кои излегоа од одредени медиуми, односно повторното постирање на вести од 2015 година дека билетот за едно возење ќе чини 60 денари, се неточни. Ниту ЈСП СКОПЈЕ, ниту Градот Скопје има било какви индиции за воведување на ваков билет со таа цена.

6. Ноќните билети остануваат со истата цена од 40 денари, со тоа што корисниците ќе треба да внесуваат одредена сума на средства на своите картички, кои преку валидирање на истите ќе им биде одземана сумата за ноќниот билет. Напоменуваме дека ЈСП СКОПЈЕ воведе и месечен билет за ноќните линии, со цена од 400 денари.

7. Со Одлука на Градот Скопје, линиите со броеви 9, 11, 11-а, 12,19,20,23,45, 47-а, 54, 55, 55-б и 73 ќе бидат опслужувани исклучиво од приватните превозници, линиите со броеви 22, 52, 61 и 63 ќе бидат комбинирано опслужувани од страна на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници, додека за сите останати линии граѓаните ќе бидат опслужени од страна на ЈСП СКОПЈЕ.

Бидејќи повеќе од очигледно е тенденциозното однесување на одредени медиуми, кои пред се пренесуваат неточни информации кои доведуваат до забуна кај граѓаните, ЈСП СКОПЈЕ ги замолува своите корисници, доколку имаат било какви нејаснотии околу користењето на електронските картички, да се обратат директно во претријатието или до овластените лица од истото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1