За да се намали загадувањето, скопските улици ќе се прскаат со калциум магнезиум ацетат, најави скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Овој раствор треба да ги апсорбира канцерогените ПМ10 честички и да го намали загадувањето на воздухот и до 30 отсто.
Според градските власти, ова бил вообичаен начин за справување со загадувањето во светските метрополи.
ПМ10 честичките се лепат за калциум-магнезиум-ацетат, се претвораат во смеса, остануваат на земја и не одат во атмосферата.
Трајановски тврди дека градските власти прават сè за да се намали загадувањето, кое ме прекинува да биде проблм во главниот град.