За да сопрат силувања – војници и каратистки ќе ги чуваат жените низ Њу Делхи


Новите градски власти на Њу Делхи имаат намера да ангажираат жени, носители на црн појас во боречките вештини, за да ја засилат безбедноста на жените заради честите силувања.

Њу Делхи заради големиот број сексуални напади го носи и прекарот „престолнина на силувањата“.

indija 1Рахи Бирла од 17-милионскиот Њу Делхи, задолжена за заштита на правата на жените и децата, изјави дека планира да ангажира поранешни припадници на војската и мајстори на боречките вештини за обука на волонтерки за патроли по улиците на индискиот главен град.

Таа изјави и дека верува дека со овие патроли, што ќе ги сочинуваат само жени, улиците на Њу Делхи ќе бидат побезбедни.

Бирла го најави и планот да ангажира 5.000 жени за возачи на авторикши, за жените ноќе да се чувствуваат помалку загрозени.

Активисти од движењето за правата на жените ги оспоруваат нејзините планови, бидејќи сметаат дека со тоа ќе се создаде паралелна сила, која нема да има поддршка од полицијата.

Според Ранџана Кумари од „Центарот за социјални истражувања“, потребно е зголемување на бројот на жени во полицијата, а не создавање на паралелна сила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1