Новогодишните празници и зголемената фрекфенција на граѓани уште еднаш покажаа дека Скопје нема капацитет за голем трговски центар.
Пред влезот на паркингот на Сити Мол има редици во кои се чека и по 15 минути за да се доближите до рампата. Дополнителен проблем прават непрописно паркираните автомобили кои го отежнуваат сообраќајот, но и таксистите, кои иако имаат дозвола да стојат пред трговскиот, тие ја злоупотребуваат, па се редат во две колони зафаќајќи уште една коловозна лента, што дополнително прави проблеми.
Допрва ќе не бодат и газат – си возат по едносмерни, свират, хаос – Сити Мол ни е кошмар
Оние кои не сакаат да влезат на паркингот на Скопје Сити Мол, за да ја избегнат гужвата возат во спротивна насока со што ја доведуваат во опасност безбеднсота на сите учесници на сообраќајот.
Но доколку сте трпеливи и немате проблем да почекате околу 15 минути за да влезете на паркингот, следниот проблем ќе го имате кога ќе дојде време да го платите паркинг билтеот. Системот со наплата преку автоматски машини, паркомати, очигледно не функционира. Пред сите машини, кои по се изгледа не ги има во доволен број има редици од по 30 луѓе, па за да си го платите билетот, чекање од половина час е најдоброто што може да го очекувате.
Дополнителен проблем е што тие паркомати често се блокираат, па кога ќе ги повикате службите, треба да чекате дополнителни 15 минути за тие да пристигнат и да го отстранат проблемот.
Читател на Press24 вели дека вчера чекал 45 минути пред паркоматот на излезот „Ц“ и дека во тоа време, два пати се случил проблем поради кој морале да интервенираат вработените.
Press24